Фокусирана поддршка за веб-страници
Безбедносно зајакнување
Безбедносен преглед на WordPress, чистење малвер, заштита на login и проактивни мерки за намалување на ризикот од компромитирање.
Проверка на што е потребно и што функционира на сајтот, чистење на непотребни плагини/функции и проверка на деловите кои најчесто се искористуваат. Без непотребно продавање алатки — само практични чекори според реалната состојба на сајтот.
Чести проблеми
- Сајтот означен како небезбеден од Google или прелистувачот
- Скриен SEO спам или вметнати страници во резултати од пребарување
- Сомнителни admin корисници или непознати плагини
- Страница за најава нападната од ботови или brute-force обиди
- Малвер што постојано се враќа по чистење
- Стари staging или тест сајтови оставени без надзор на споделен �
- остинг
Што е вклучено
- Целосно скенирање и рачна инспекција на фајлови
- Отстранување малвер и верификација по чистење
- Преглед на кориснички сметки и admin пристап
- Заштита на најава и одбрана од brute-force
- Преглед на плагини и теми за познати ранливости
Како се одвива работата
- 1 Опишете го проблемот и споделете го URL-то на сајтот
- 2 Прегледување на поставеноста, утврдување на ризиците
- 3 Чистење или зајакнување според договореното
Пример од работа
Поврзано искуство
HSEO спам malware — Vanpoelgeest
Сајтот беше заразен со скриен SEO спам — содржина вметната во фајловите на сајтот, невидлива за обичните посетители но видлива за пребарувачите. Овој тип инфекција може тивко да ја оштети воспоставената SEO репутација на сајтот во пребарување без сопственикот воопшто да забележи. Првото чистење не помогна. Автоматските скенирања помогнаа само да се детектираат штетни фајлови само на површина, меѓутоа после недела/две инфекцијата се врати. Овој тип малвер е направен да преживее скенирање од плагини. Требаше целосна рачна проверка на инсталацијата за да се пронајде сè, и засилени безбедносни мерки потоа за да не се појави повторно.
10+ инфицирани сајтови на 1 shared сервер
Друг клиент имаше хостинг со преку 10 WordPress инсталации — активни сајтови, стари staging верзии и заборавени тестови, сè на ист простор. Сите до една беа заразени. Кај ваков shared хостинг, нема смисла да чистиш еден сајт додека останатите се заразени — малверот повторно се шири преку заедничкиот простор. Чистењето бараше систематска работа: кои сајтови уште се користат, кои не, отстранување на непотребните, и потоа чистење на секој преостанат еден по еден.
Ви треба практична помош со ова?
Опишете ја веб-страницата и што треба да се провери. Не испраќајте лозинки или приватни пристапни податоци преку јавната форма.